Општина Крива Паланнка како дел од заедничките напори за унапредување и подобрување на квалитетот на живеење на жителите на градот , а пред се во интерес на создавање на услови за подобрување на хигиената и јавната чистота ,покрај 48 -те пластични контејнери за селекција на одреден вид на отпад доби и 240 канти за селекција на отпадоци како донација е од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Доставените пластични канти за отпад се со капацитет од 120 литри и се со намена за селекција на отпад .
Набавката на кантите е извршена со средства на МЖСПП од делот на соберени средства од граѓаните од продажбата на пластичните најлон ќеси.
Дел од наведените канти ќе бидат поставени во рамките на јавни објекти , дел во и пред јавни институции а еден дел ќе се искористи да се заменат старите постоечки канти.
Апелираме до граѓаните кантите кои ќе бидат поставени во наредниот период да ги користат наменски со цел заедно да допринесеме за чиста животна средина и за соодветно постапување со различите видови на отпад.