Врз основа на член 39 став (1) од Законот за социјална заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22 и 65/23), член 85 став (1) од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/97, 25/00, 101/00, 50/01, 25/03, 37/04, 4/05, 50/06, 29/07, 102/08, 161/08, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16, 119/16, 21/18, 113/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.124/19, 103/21 и 274/22) и Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2025 година бр. 09-6043/15 од 06.12.2024 донесена на седница на Советот на Општина Крива Паланка, Општина Крива Паланка објавува:
ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЈАВНИ РАБОТИ КОИ СЕ ПРИМАТЕЛИ НА ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ И НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО ЖИВЕАЛИШТЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Општина Крива Паланка објавува Јавен Повик за ангажирање на лица за извршување на јавни работи кои се приматели на гарантирана минимална помош и невработени лица со живеалиште на територијата на Општина Крива Паланка, а врз основа на Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2025 година со број 09-6043/15 од 06.12.2024 година, донесена од страна на Советот на Општина Крива Паланка.
Согласно планот за јавни работи за 2025 година изготвен од страна на надлежните служби, Општина Крива Паланка има потреба од 5 лица за извршување на јавни работи во времетраење од 3 месеци.
Ангажираните лица ќе спроведуваат јавни работи од типот на чистење на улици, локални патишта, патеки, скали, чистење на водотранспортни објекти, чистење на снег од јавни површини, отстранување на наноси и одрони, фарбање на комунална опрема, чистење на јавни објекти, поставување на опрема, собирање на отпад, чистење на депонии, подигање и одржување на зелени површини и други слични работи по потреба.
Општина Крива Паланка преку овие активности им помага на луѓето кои тешко се вклучуваат на пазарот на трудот, а овие активности се од интерес на целата локална заедница.
Право на учество на јавниот повик имаат лицата кои ги исполнуваат следните услови:
-корисници на гарантирана минимална помош
-невработени лица
-жители на територијата на Општина Крива Паланка
Временскиот период за ангажман на ангажираните лица ќе биде со времетраење од 3 месеци, сметано од денот на потпишување на договорот, а месечниот надоместок ќе изнесува 13.000,оо денари за секое ангажирано лице.
Потребните документи, кандидатите треба да ги достават во просториите на Општина Крива Паланка, секој работен ден во период од 07:30 часот до 15:30 часот.
Изборот на пријавените кандидати ќе го спроведува соодветна Комисија формирана со Решение од страна на Градоначалникот на Општина Крива Паланка.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Сашко Митовски