Во пресрет на Новогодишните и Божиќни празници градоначалникот Сашко Митовски го посети скромниот домот на семејството Ангеловски и со пригодни подароци ги израдува малиот Атанас и сестричката Маја.
Сите деца заслужуваат да добијат посебно внимание, како и да ја почувствуваат магијата на Новогодишните празници, а токму овие празнични денови се најубави кога споделуваме љубов со најмалите, особено со децата на кои им е потребна дополнителна грижа и нега. Нивните искрени насмевки, радост и среќа се најубавиот подарок и мотив да продолжиме да се грижиме и секојдневно да работиме за сите деца подеднакво, затоа локалната самоуправа подготви Новогодишни подароци и за дечињата од руралните средини од најодалечените подрачни учишта при ООУ „Св.Јоаким Крчовски“, како и за дечињата од детската градинка „Детелинка“ кои деновиве ќе им бидат врачени, изјави градоначалникот Митовски.