Официјално е завршена реализацијата на проектот за изградба на регулација на минор коритото на Крива Река – фаза 4, од спортскиот комплекс до градскиот базен.
Во Општина Крива Паланка новата година започна со нови реализирани проекти, а со изградбата на оваа, четврта фаза, завршено е уредувањето на комплетната проектирана регулација на Крива Река во централното градско подрачје.
Проектот за изградба на минор коритото на Крива Река – фаза 4 опфати изградба на нови 463 метри од коритото, за што се инвестирани 12.000.000 денари, средства обезбедени од Министерството за локална самоуправа, преку Биро за регионален развој.
Во 2025 година годинава во Општина Крива Паланка се планира да бидат инвестирани над 250 милиони денари за капитални инвестиции, за урбана и модерна општина.