На 7 јануари, во 18,00 часот, на Градскиот плоштад во Крива Паланка ќесе одржи незаборавен Божиќен концерт, кој ќе ја донесе магијата на празничниот дух директно во срцата на сите присутни.
Свечениот музички настан ќе започне со настапот на дечињата од Детскиот музички фестивал „Распеано симитче“ и хорот „Симитчиња“, чие присуство ќе внесе радост и веселост во празнината атмосферата.
Потоа следува настапот на едно од најпознатите музички триа – Трио Џентлмен. Нивните уникатни аранжмани на класични и божиќни евергирини ќе создадат вистинската празниќна магија, исполнета со елеганција и емоции.
Специјален гостин на вечерта, младиот Ајдин Османовиќ од БиХ, кој со ангелски глас и неверојатно музичко умење секогаш ја воодушевува публиката. Заедно со неговиот професор, Јасмин Брашњиќ, ќе ја пренесат топлината и радоста на Божиќ во срцата на сите присутни.
Божиќниот концерт, организиран од Општина Крива Паланка, има за цел да ги обедини граѓаните, да го поттикне споделувањето на празничните моменти и заеднички да се прослават љубовта, семејните вредности и дарувањето.
Не пропуштајте ја оваа прекрасна прилика да се обедините со заедницата и да ја почувствувате вистинската Божиќна магија.
Очекуваме да бидете дел од овој незаборавен настан!