За секое новороденче во Крива Паланка по 6000 денари

Општина Крива Паланка  со Одлука на Совет   оваа година ќе исплаќа со зголемен износ од  6 000 денари на секое семејство со новороденче, родено од 01 јануари 2025 година до 31.12.2025 година , а чии родители се со адреса на  живеење на територијата на општина Крива Паланка  како позитивен поттик и стимулација за наталитетот и олеснување на финансиските трошоци околу новороденчето.

Потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче родено во 2025 година на подрачјето на општина Крива Паланка.

Во прилог на Барањето треба да се достават следните документи:
-Фотокопија од извод од матична книга на родените (за новороденчето);
-Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на родителите, од која се видни податоците за живеалиштето на територија на општина Крива Паланка;
-Фотокопија од активна трансакциска сметка на родителот-примател на финансиски надоместок.
-Документ за платена административна такса (50 денари).

Начин на аплицирање:
– Физички во архивата на Општина Крива Паланка

БАРАЊЕ

Големина на фонт
Контраст