Со свечена литургија и литија, осветување на водите на Крива Река и весела заедничка прослава со граѓаните на “Пивтијада 2025”, Крива Паланка го прослави големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Општина Крива Паланка за граѓаните организираше културно забавна програма со настапи на фолк пејачката Андријана Алачки и бендот со Гоце Димовски “Синтезис” и обезбеди богата традиционална богојавленска трпеза со топли пијалоци и дегустација на традиционалниот специјалитет пивтии.
Меѓу младите верници кои скокаа по осветениот крст во водите на Крива Река најуспешен годинава беше Бојан Јовевски.