За секоj матурант запишан во учебната 2024/2025 година во СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка по 3000 денари

Совет на Општина Крива Паланка на седницата одржана на ден 31.01.2025 година донесе Одлука бр.09-534/17 за доделување на еднократна парична помош на матуранти запишани во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка во учебната 2024/2025 година.

Еднократната парична помош е во износ од 3000 денари, а потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето кое заедно со потребните документи треба да се достави до архивата на Општина Крива Паланка или електронски преку апликацијата мЗаедница.

Барање за доделување еднократна парична помош на матуранти запишани во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка во учебната 2024/2025 година

Сметки за уплата на административна такса

Големина на фонт
Контраст