Започна реконструкција на фасадата и спортски терен во ООУ „св.Јоаким Крчовски“ –зграда Партизан

Започнаа градежните активности за поставување нова, енергетско-ефикасна фасада и обнова на училишниот спортски терен на објектот на основното општинско училиште „Свети Јоаким Крчовски“ – зграда Партизан.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, го најави почетоткот на проектот со кој еден од најстарите објекти во општината што ќе добие нова фасада и модерен спортски терен со тартан подлога.

-Со задоволство го најавувам почетокот на градежните активности за реконструкција на објектот на  основното училиште „ Свети Јоаким Крчовски“, зграда Партизан. Инвестираме 7.000.000 денари за реконструкција и  обнова на фасадата, со нова, енергетски-ефикасна фасада и обнова на спортскиот терен во дворот на училиштето. Учениците добиваат современ терен за спортување со тартан подлога и заштитна ограда. Ова е еден од најстарите училишни објекти во градот, изграден во 20-те години на минатиот  век и токму овој објект наскоро добива нов , модерен лик. Спортскиот терен на училиштето, се користи за време на наставата од страна на учениците и наставниците , но ова игралиште е препознатливо маалско катче за спорт и рекреација што го користат  и сите  млади од градот. Со неговата обнова  ќе донесеме нова радост и за учениците, за младите и спортистите и спортските клубови од нашиот град, изјави Митовски.

Порача дека во општината деновиве ќе отпочнат уште два проекти за уредување на локации кадешто ќе се креираат урбани паркови и ќе бидат уредени нови спортски терени за младите, како и детско катче за најмладите жители на општината.

Големина на фонт
Контраст