Градоначалникот Сашко Митовски изврши увид во воведните градежни активности за реализација на проектот за реконструкција на улица „Пиринска“ во населба „Единство“ или попрецизно, пристапниот пат до поранешен Ловечки дом.
Реализацијата на овој проек за изградба и реконструкција на улица „Пиринска“ се одвиваше во две фази.
Во првата фаза се изврши реконструкција и рехабилитација на дел од улицата, од поранешен Ловечки дом до м.в. Радевска маала, а во втората фаза, на која се работи сега, се врши реконструкција на патот со нивелирање на постоечките шахти и гребење и асфалтирање на пристапната улица до Ловечки дом во должина од 324 м.
Предвидените финасиски средсвата за овој проект изнесуваат 1. 800.000.оо денари, а Општина Крива Паланка ги обезбеди од сопствениот буџет и преку Програма за поддршка на имплементација на декадата на ромите и Министерството за транспорт и врски
Со реализација на овој проект, улицата „Пиринска“’ целосно ќе биде рекоструирана, со нов лик и функционалност, а граѓаните од овој дел на Крива Паланка, кој претежно се од ромска националаност, решаават еден од приоритетните проблеми за полесно функционирање во секојдневните животни обврски и потреби.
Динамиката за изведба на проектот ќе се одвива согласно временските услови, а рокот за реализација е три месеци. Изведувач на работите е КООП Инжињеринг Куманово, а надзорот ќе го врши МГ Проект од Скопје.