Поставени 100 пластични канти  за  селекција на отпад

Продолжуваат заложбите и напорите на Локалната власт на Крива Паланка  во соработка  со централната власт  преку реализација  на  конкретни активности за востановување  на  навики односно воведување постојана пракса за спроведување на неминовна потреба и обврска  од селекција на одредени видови на  отпад кој се создава во, јавните установи,  институциите, училиштата,  градинките, претпријатијата , потоа отпадот кој се остава од посетителите во спортските сали, спортско рекреативните површини, детски игралишта и други отворени  јавни површини.

За таа цел,  надлежни служби од Општина Крива Паланка  и  Јавното комунално претпријатие  Комуналец  во текот  на изминатата недела поставија и поделија  100  пластични канти со зафатнина  од 120 литри  од кои  50  броја за пластични шишиња и 50 броја за хартија и  хартиена  амбалажа од пакувања.

Законска обврска е на сите да ја чуваат животната средина

Локалната власт ќе  продолжи и понатака да создава услови за граѓаните

Големина на фонт
Контраст