Општина Крива Паланка започнува процес на изработка на Зелен катастар

Денес во Општина Крива Паланка, преставници од Здружението на граѓани за подршка на шумарството и животната средина ТРИФОР – Скопје, оддржа презентација на процесот на изработка на Зелен катастар, кој всушност претставува современ систем за регистрирање, управување и мониторинг на зелените површини и урбаната дендрофлора во градот.

Општина Крива Паланка е 4-та општина во државата во која ќе се реалзира ваков преоект за детектирање на зелените површини засадени со повеќегодишни растенија.

Изработката на Зелениот катастар Во Крива Паланка, се одвива во рамки на Проектот „ПАРКС“ финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија на Европската унија, преку кој Општината добива и нов урбан зелен парк на површина од 1800 метри квадратни, изработката на зелениот катастар и платформа за следење на квалитетот на воздухот.

Самата изработката на Зелениот катастар има за цел негово полесно и планско управување, што подразбира подигање, одржување, заштита и реконструкција во насока на изработка на квалитетна стратегијата за развој на зеленилото на подрачјето на градот.

Зелениот катастар ќе овозможува сеопфатни и детални податоци за јавните зелени површини, од типот, обем и вид на зеленилото, неговата состојба и местоположба.

Тој ќе обезбеди информации потребни за одржување на постоечкото зеленило и значително ќе го подобри и управувањето со зеленилото.

За потребите на изработка на Зелениот катастар ќе се изврши и теренско снимањена просторот, како и софтверско и хардверско идентификување на податоците, а за таа цел ќе бидат вклучени и преставници од стручните служби во Општината и ЈП Комуналец.

Со овој документ се подобрува управувањето со зеленилото, а со тоа и директно се зголемува грижата за здравјето на граѓаните.

Големина на фонт
Контраст