СУСУРИГА 2025 – Кривопаланечка традиција на маски и оган

Општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ ве покануваат на  второто издание на уникатната манифестација СУСУРИГА 2025, која ќе се одржи во сабота ( 01 март), со почеток во 12,00 часот, на Градскиот плоштад во Крива Паланка.

Манифестацијата е посветена на празникот ПРОЧКА и традиционалниот обичај СУСУРИГА, кој е единствен во нашиот град и ја оживува староградската традиција на маскирање и палење на оган.

Програмата предвидува дефиле од Карпошово востание до Градскиот плоштад и ревијален настап на повеќе групи под маски меѓу кои прочуените Бамбурци од Ратево, Џоломари од Манастирец и Мокриево од Ново Село, како и локалните групи Осоговски биждеци на КУЗ „Карпош“ и Трновски ветришта на КУД „8-ми Октомври“ при НУ Центар закултура Крива Паланка.

Во чест на стариот кривопаланечки обичај ќе биде изведено и ритуално палење на оган, како и заедничка дружба со топли напитоци и веселба со ДЏ Барни и ДЏ Буѓо.

Бидете дел од „СУСУРИГА 2025“ и градската кривопаланечка традиција во весела атмосфера на денот посветен на проштевањето и на сплотувањето.

Големина на фонт
Контраст