Фондација за интернет и општество Метаморфозис, Рурална Коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21 успешно реализираа обука за зајакнување на капацитетите на општините за зголемена транспарентност и отчетност. Обуката е дел од проектот „Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.
Целта на обуката беше да се подобри транспарентноста на општините и да се поттикне поголемо учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки на локално ниво. Претставници од стручните служби на Општина Крива Паланка учествуваа во обуката за Менторска поддршка, која се спроведува во рамки на овој проект, во кој се вклучени осум општини од различни плански региони, во кои се имплементира или ќе се имплементира дигиталната алатка мЗаедница.
На обуката се работе теми за пристап до информации од јавен карактер, како и обука за административни службеници за концептот на отворени податоци. Во рамки на менторската поддршка, развиена е „Методологија за менторска поддршка за зајакнување на капацитетите на општините“, која се базира на резултатите од Индексот на отвореност и се фокусира на систематизација и приоретизација на информации.
Проектот има за цел да ја унапреди транспарентноста и отчетноста на општините, со што ќе се овозможи поголема отвореност и информираност на граѓаните, како и поактивно учество во локалните процеси на донесување одлуки.