Асфалтиран крак од улица Никола Тесла, градежни активности на повеќе локации во градот

Со асфалтирањето на улица „Никола Тесла“ – лев крак, општината ги оствари барањата на жителите на овој потег од улицата, во должина од околу 90 метри.Токму на оваа локација до неодамна граѓаните функционираа и сообраќаа по црн пат, а со инвестицијата на општината од околу 900.000 денари, средства од Развојната програма преку Буџетот на Општина Крива Паланка, извршено е проширување и асфалтирање.

Со проектот за изградба и реконструкција на улицата извршено е: проширување на коловозот, нивелирање на теренот, поставување тампон и  рабници, како и нов асфалтен слој.

Во претстојните денови ќе се асфалтира и на останати краци од улицата.

Ова е втора локална улица асфалтирана во период од една седмица, по улицата „Пиринска“ во населба „Единство“.

Општина Крива Паланка продолжува со градежната офанзива што се одвива на повеќе локации во градот за подобри услови за сите граѓани.

Во тек е проектот за обнова на фасадата и спортскиот терен во ООУ „Св.Јоаким Крчовски“, зграда Партизан, се уредува нов урбан зелен парк кај комплексот згрaди до градски зелен пазар, како и паркот со спортски терени и детско катче, во населба Бавчал’к, додека во завршна фаза е проектот за партерно уредување на дворот на училиштето во село Грaдец и финишира асфалтирањето нa уште 1 километар од патниот правец Б’с-Кошари.

Големина на фонт
Контраст