Улицата „Пиринска“ во населба Единство е реконструирана и граѓаните чекорат по нов асфалт.
За реконтрукција на улицата Општина Крива Паланка инвестираше 1.800.000 денари, средства од буџетот на општината преку Програмата за поддршка на имплементација на декада на Ромите и Министерство за транспорт.
Изведувачот го реализираше проектот во брз временски рок, овозможувајќи за сите жители полесно функционирање, подобра поврзаност и полесен пристап при извршување на секојдневните обврски и потреби.
Реализацијата на овој проек за изградба и реконструкција на улица „Пиринска“ се одвиваше во две фази.
Првата фаза беше успешно завршена во 2022 година и опфати реконструкција и рехабилитација на дел од улицата, од поранешен Ловечки дом до м.в. Радевска маала.
Деновиве беше реалзиирана втората фаза: реконструкција на патот со нивелирање на постојните шахти, гребење и асфалтирање на пристапната улица до поранешен Ловечки дом, во должина од 324 метри.
Со реализација на проектот овозможени се подобра функционалност и подобра патна поврзаност граѓаните.