Aсфалтирана  улица „11 Октомври“

Општина Крива Паланка преку развојната програма со средства од општинскиот буџет изврши асфалтирање на улицата „11 Октомври“, на потегот од Меѓуопштински центар за социјални работи – над кадиска чешма  кон населба Чука.

Жителите на улица „11 Октомври“ добиваат подобра патна поврзаност, асфалтиран е коловозот што претходно беше поплочен со калдрма, а вградени се 500 метри квадратни асфалтен слој.

Изведувач на градежните работи е „Битем“ , Скопје, а надзор е МГ Проект.

Општина Крива Паланка одговора на барањата и потребите на жителите, затоа што секој граѓанин е важен. Вложените буџетски средства од развојната програма на општината значат директно инвестирање на средствата од граѓаните – за граѓаните, бидејќи локалната самоуправа ги носи буџетските програми во консултација со граѓаните, а нивните приоритети и потреби се вградени во самите програмски активности за реализација на годишно ниво.

Со тоа, општината како сервис на граѓаните продолжува да гради и инвестира во подобри услови за сите граѓани.

Големина на фонт
Контраст