Градоначалникот Митовски им го честиташе 8 Март на највозрасните дами од општината, нa негувателките  и пензионерките

Со мало внимание, а голема почит, со желби и честитки по повод претстојниот, Меѓународен ден на жената, 8 Март, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, им го честиташе празникот на дамите од Општинската организација на Црвен Крст, крива Паланка, од Дневниот центар за престој на стари лица со активно стареење и негувателките од „Нега центар“, кои се на терен секојдневно, беспоштедно пружајќи грижа во домовите на изнемоштените и болни сограѓани и сограѓанки, како и на пензионерките од Здружението на старосни пензионери и пензионери-инвалиди на труд од Општина Крива Паланка и Ранковце.

Она што го одбележа денот се радоста во нивните очи и заедничката среќа во срцата.

-Со најискрени  желби за здравје, среќа и долговечност,посакувам секој ден да ви биде празник, со многу внимание и љубов од најблиските, секој ден од годината. Продолжете да го правите светот поубав со вашата добрина и срдечност,  им порача градоначалникот во оваа пригода, со празничната честитка.

Тој истакна дека секогаш се радува на средбите и со највозрасните дами, носители на мудроста, благослов во животот на секој човек.

-Секој ден треба да и се даде важност на жената: мајка, тетка, сопруга,  баба, пријателка, соседка. Нивните совети, љубови и разбирање, искуството и вештините од кои секој еден од нас може многу да научи – вредат злато. Бескрајно благодарам за сите, за се што имаат создадено, што се поддршка на семејствата, што се дел од она што градот денес го има, рече Митовски.

Големина на фонт
Контраст