Со потпишување на договорот за најновиот проект „Прекугранична атрактивност – смарт туризам во регионот Ќустендил – Крива Паланка-Невестино“ од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија, Крива Паланка добива атрактивна содржина за развој на турзмот, адреналински парк на Калин Камен .
Потшишан е договорот за најновиот проект „Прекугранична атрактивност – смарт туризам во регионот Ќустендил – Крива Паланка-Невестино“ од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија, со кој Општина Крива Паланка ќе гради адреналински парк вреден 280.000 евра.
Нашата општина го имплементира проектот во партнерство со: Општина Ќустендил, Центар за развој на третиот Североисточен плански регион, Општина Невестино, Трговско-индустриска комора Ќустендил и Национална установа – Музеј Куманово. Вкупниот буџет на проектот за сите партнери е 975.730 евра од кои за Крива Паланка се предвидени 305.000 евра, за изградба на нова и модернизација на постоечката туристичка инфраструктура – клучни за развој во наредните години.
Проектот опфаќа креирање одржливи туристички производи за привлекување поголем број посетители согласно повикот и приоритетната област во која е одобрен проектот: развој на атрактивни, целогодишни туристички продукти за интегриран развој на прекуграничниот регион.
Имплементацијата на проектот се очекува да придонесе за постигнување одржлив економски раст преку создавање услови и предуслови за зголемување на конкурентноста и атрактивноста на граничниот регион Ќустандил – Крива Паланка – Невестино, преку диверзификација на туристичката мобилност и атрактивни одржливи туристички производи кои ќе привлекуваат значителен број на посетители. Заедничкото интегрирано решение ќе им овозможи на проектните партнери од двете страни на границата да усвојат, развијат и тестираат нови пристапи, производи и техники за промоција на туризмот во граничниот, користејќи го неговиот територијален потенцијал.
Проектот предвидува инфраструктурни интервенции на четири туристички локации: Ќустендил, Кокино, Калин Камен и Св. Ана, како и создавање дигитални туристички продукти што ќе ги подобрат условите за развој на туризмот во општините – партнери во проектот.