Градоначалникот Митовски во пресрет на 8 Март им подари цвеќа на работничките од производствените погони од градот

Со цвеќе во знак на внимание и почит, со желби и честитки по повод утрешниот Меѓународен ден на жената, 8 Март, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, им го честиташе празникот на работничките од производствените погони во градот.

Денес оствари посета на повеќе производствени погони лоцирани во комплексот на поранешниот индустриски гигант „Карпош“, како и на други компании на подрачјето на општината кадешто главна работна движечка сила се дамите.

-Денес со цвет и искрена почит за сите дами чиишто вашите вредни раце се столб и на компаниите од градот и на фамилиите, го честитав претстојниот Меѓународен ден на жената, 8 Март. Оставрив посета на  производствените погони од градот кадешто главна работна сила се дами: силни, неуморни и храбри жени кои рамноправно на пазарот на трудот даваат придонес во домашниот буџет и во локалната економија. Длабок наклон за секоја една дама, секој ден, а денес, посакувам среќен празник, рече Митовски.

Во текот на вчерашниот ден тој ги посети корисничките на Дневен центар за стари лица со активно стареење при ОО на Црвен крст, негувателките од „Нега центар“  и пензионерките од Здружението на старосни пензионери и пензионери-инвалиди на труд од Општина Крива Паланка и Ранковце.

 

Големина на фонт
Контраст