Денес градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски потпиша два договори за постапување со отпад од текстил и постапување со отпадни возила, со лиценцирани колективните постапувачи, Друштво за управување со отпад ГРЕЕН РОАД ДООЕЛ Скопје и ТEКСОМАК ДОО Скопје.
Предмет на овие договори е организирање на одделно собирање, селектирање, транспортирање, рециклирање, преработка и отстранување на отпад од текстил, како и собирање, регулирање и преместување на отпадни и хаварисани возила на територијата на општина Крива Паланка.
Општина Крива Паланка е меѓу првите општини во државата што превзема конкретни мерки за собирање, селекција и рециклирање на ваков вид на отпад, согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад.
Во наредниот период, Општината во соработка со ЈП Комуналец и колективните постапувачи, ќе организира промотино едукативна кампања за селекција на отпадот, во учичиштата, гиманазијата и градинката, како и дистрибуција на информативни флаери до населението, се со цел, подигање на јавната свест за значењето за селективно собирање на отпадот и неговото рециклирање, намалување на отпадот кој завршува во комуналната депонија, искористување на овој вид на отпад како ресурс за преработка и повторна употреба, заштита на животната средина, намалување на загадувањето, како и подобрување на естетскиот аспект и урбаниот лик на градот.
Од страна на колективниот постапувач ќе бидат обезбедени и соодветни садови за собирање и селектирање на текстилниот отпад и воедно Општината ќе организира периодични акции за одлагање на дотраен текстилен отпад од домаќинствата и индустриските капацитети, за што граѓаните навремено и детално ќе бидат известени.
Подобра и почиста животна средина е висок приоритет во работењето на Општина Крива Паланка.