Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на 13.3.2025 одржа прес-конференција за состојбата со запуштен крупен добиток на подрачјето на градот и околните села.
На пресот присуствуваа и мештани од селата што гравитираат околу реонот на Жидилово, кои ги споделија маките од штетите и проблемите што им ги нанесувале животните во изминатите години, а и денес.
Градоначалникот упати повик до надлежните да се постапи по законските регулативи и да се реши овој горлив, децениски проблем и на паланчани и на сите што минуваат покрај градот.