Во рамки на годишната програма за работа за 2025 година на Секторот за урбанизам, сообраќај, заштита на животна средина и одржување комунална инфраструктура, извршено е обележување на ролерско-велосипедската патека во кејот на Крива Река, а деновиве е извршено и фарбање на клупите долж патеката.
Со оглед на периодот што претстои кога следува затоплување на времето и раст\на температурите, во пресрет нa пролетните денови кога граѓаните од сите возрасти редовно ќе ја користат патеката, извршено е освежување на урбаната опрема и обележување на асфалтната површина, а во наредните денови ЈП Комуналец, сектор Паркови и зеленило ќе изврши и фарбање со вар на дрвцата во мајор коритото.
Општината изработи проект за партерно уредување на мајор коритото на реката, од Шанин мост до населба Бегови бавчи, а проектот е веќе аплициран на повикот на Владата за поддршка на општините, кадешто е предвидено исто така да биде уредена патека со придружни урбани елементи.