Денес во просториите на Општина Крива Паланка градоначалникот Митовски одржа коориднативен состанок со надлежните служби и инспекциското одделение од општината, на кој се разговараше за состојбата со хидранстска мрежа на подрачјето на општината и со противпожарна заштита.
Градоначалникот подели задолженија до службите и инспекторатот за проверка на: постоењето и исправноста на хидрантските мрежи, достапноста на хидрантски црева и противпожарни апарати, нивна функционалност во објектите на локално ниво, институции и стамбени и деловни објекти, спортски и останати објекти, со цел ажурирање на податоците за безбедноста во истите.
До сите надлежни е укажан рок за извршување на дадените задолженија, а од страна на командирот на Територијалната противпжарна единица беше укажано дека периодов со оглед на тоа дека населеието пристапува кон чистење и уредување на земјоделски површини, треба да се ујкаже до населението да не се пали оган на отворено.
Градоначалникот посочи дека и општината ќе објави известување за најстрога забрана за палење стрништа и земјоделски отпад.
Воедно, во насока на безбедност на граѓаните, дадено е задолжение до одделението за урбанизам да изврши увид на сите потенцијални објекти, склони на паѓање и да се укаже до сопствениците за нивно отстранување или соодветна заштита на објектите.