Завршено асфалтирањето на дел од патниот правец Б’с – Кошари, алтернативен пат кон туристичкиот локалитет Калин Камен. Ова е уште еден дополнителен километар од патот, за што се вложени 14.000.000 денари, за изградба и асфалтирање на крак од локалниот пат Крива Паланка – Варовиште – Кошари – Б’с.
Средствата се обезбедени преку Биро за регионален развој.
Ова е нов, дополнителен еден километар од патот за кој општината има изготвено комплетна техничка документација за шест километри. Претходно беа асфалтирани 2 километри, со вложени 16 милиони денари, што значи со овој километар ќе бидат завршени 50 отсто од целиот проект за изградба на патно поврзување до Калин Камен и развој на туризмот.
Целта на општината е континуирано да се вложува во создавање услови за развој на туризмот во Крива Паланка, а кон тоа значаен придонес има и подобрата патна инфраструктура.