Пролетни активности на ЕЛКОЛЕКТ во Општина Крива Паланка

Друштвото за управување  со отпад ,, ЕЛКОЛЕКТ доо Скопје ,,  е национален  лиценциран постапувач со отпадна електрична и електронска опрема или така наречениот Е-отпад.

Елколект е  повеќе годишен партнер на Општина Крива Паланка  за исполнување на националните цели за  одржливо управување  со Е-отпадот ,преку  обезбедување  и воспоставување на соодветен функционален  собирен  систем за овој вид на отпад.

Со цел заштита на животната средина , животот и здравјето на луѓето и зачувување на природата  Елколект заедно со десет општини во државата, меѓу кои и со општина Крива Паланка, организира Голема пролетна еколошка акција за собирање на  неупотреблив електронски отпад  и отпадна електронска опрема.

За оваа цел наведената компанија веќе има поставено неколку контејнери заелектронски отпад на подрачјето на општина Крива Паланка .

Акцијата започнува на 01 април и ќе трае до 30 јуни 2025 година односно три месеци.

Собирни местаза наведениот вид на отпад се следниве:
–  пред Автобуска станица до кејскиот ѕид
–  пред домот за ученици  Боро Менков ( интернат )
–  дворно место на колективни станбени згради   Бавчалк
–  пред Спомен костурница ( спроти Македонија пат)
–  на почеток на регулација на Крива Река

Сите граѓани се  поканети  да го донесат  својот непотребен , искористен и нефункционален  електричен и електронски отпад  и да дадат свој придонес  кон почиста животна средина . Да ги исчистиме подрумите, гаражите и просториите од сувишен, непотребен и опасен отпад.

Исто времено  од страна на Елколек  на Општина Крива Паланка се доставени и пет пластични  зелени контејнери,со зафатнина 1.1 м2 за комунален отпад ,  кои ќе бидат поставени  на локациите за отпад  покрај магистралната улица  во централното градско подрачје .

Да  бидеме опшествено одговорни и да постапуваме со отпадот согласно законите.

 

Големина на фонт
Контраст