Општина Крива Паланка во овој месец април организира и стартува со голем број на еколошки активности за заштита на животната средина.
Акциите и активностите ќе бидат координирани, организирани и под надзор на инспекциските служби од инспекциското одделение при општина Крива Паланка
За организирањето и реализацијата на секоја активност граѓаните ќе бидат посебно, подетално и навремено информирани.
Поставен еко инструмент за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух
Селекција на текстилен отпад
Дата: 11 април 2025 година.
– Прва голема акција за собирање на текстилен отпад на подрачјето на Крива Паланка;
– Поставување на први садови за селекција на текстилен отпад;
– Едукативна кампања за најмалите во градинките и основните училишта;
Акцијата е во кординација со колективниот сертифициран постапувач-Тексомак;
Акција за собирање на отпадни возила
Дата: 15 април 2025 година.
Акцијата е во кординација со МВР и колективниот постапувач Грен Роад.
Акција за евидентирање и чистење на диви депонии и ѓубришта по пријави на граѓани
Дата23 април 2025 година.
Акцијата е во координација со ЈКП „Комуналец“
Акција за собирање на кабаст и габаритен отпад по пријави од граѓани
Дата: 26 и 27 април 2025 година
Акцијата е во координација со ЈКП „Комуналец“.
Во завршна нацрт фаза е изработката на новиот ЛЕАП на општина Крива Паланка
Се отпочнува со изработка на Зелениот катастар на Крива Паланка
Се отпочнува со активностии за санирање на одредени состојби на постоечката комунална депонија
Акција за целосно миење на улиците во градот од ризла и наноси
» Континуирано се работи на терен.
Акција за чистење на објектите за атмосферски води
» Континуирано се работи.
Се зголемуват зелените парковски површини во централното градско подрачје
(Позади станбени згради кај Зелен пазар и пред Зелен пазар, како и и позади станбените згради на ул. „Херој Карпош“)