Во организација на Општина Крива Паланка и на Македонската Православна Црква, Епархија Кумановскo – oсоговска, беше одблежан големиот христијански празник Богојавление – Водици. Прославата започна со свечена литургија во црквата Свети Димитрија на која присуствуваа бројни верници. По литургијата следуваше чинот на фрлањето на крстот во водите на Крива Река.
Од околу 50 пријавени лица најсреќен беше Никола Јовановски, кој доби телевизор обезбеден од Општина Крива Паланка. Наградата му ја врачи градоначалникот г.Арсенчо Алексовски.
По завршување на церемонијата на фрлање на крстот во водите на Крива Река граѓаните имаа можност да ги вкусат пивтиите припремени во кујната на Домот за ученици „Боро Менков“, под надзор на искусни готвачи. Mанифестацијат „Пивтијада“ се организира традиционално по шести пат од Општина Крива Паланка.
[embpicasa id=”6106325691024389681″]