Воени аташеа од Асоцијацијата на воени аташеа во Република Македонија во посета на општина Крива Паланка

Воени аташеа од Асоцијацијата на воени аташеа во Република Македонија од 11 земји од светот денес ја посетија општина Крива Паланка во рамки на планските активности за посета на команди и единици во Армијата на Република Македонија.

На приемот во организација на градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, присуствуваа бригадниот генерал Стојан Димчов, доајенот на Асоцијацијата на воени аташеа во РМ, Џенифер Форд и аташеа од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Полска, Украина, Кина, Австрија, Грција, Италија, Русија, Италија и Србија.

[embpicasa id=”6130521144002855201″]

Генерал Димчов рече дека посетата на Крива Паланка е предвидена како посета на место со богата историја и култура.

-Чест ни е што аташеата од единаесет земји се во посета на една од најубавите и најуспешни општини во нашата држава и со огромно задоволство сме денес тука-додаде Димчов.

Градоначалникот Алексовски ја презентираше Крива Паланка како рударско градче, рурална општина која го носи епитетот Источна порта на Македонија кон Европа.

-Крива Паланка има исклучително важна геостратешка положба, на само 15 километри од границата со Бугарија, тука минува коридорот 8 кој ја поврзува Европа со Азија и е исклучително важен за економскиот развој на градот. Општината има богато културно-истoирско минато, меѓународни културни манифестации, бројни знаменитости за посета меѓу кои најрепрезентативен е манастирот Свети Јоаким Осоговски, каде ќе бидете угостени денес -рече Алексовски.

-Среќна сум што за прв пат имам можност да бидам гостин на ваква прексрана средина, со гостопримливи и срдечни луѓе. Судејќи по презентацијата за Крива Паланка, еден ден е малку за да се видат сите убавини кои ги нуди овој град-изјави Џенифер Форд , доајен на Асоцијацијата на воени аташеа во РМ.

За подетално запознавање со убавините на Осоговието и Кривопаланечкиот крај градоначалникот Алексовски на крајот ги покани аташеата да учествуваат на традиционалната манисфестација Рели Калин Камен која во органзиација на општина Крива Паланка се одржува на 24 мај.

Големина на фонт
Контраст