Крива Паланка и Ќустендил со заеднички проекти

Стопанственици од Крива Паланка и Ќустендил од соседна Бугарија ќе соработуваат на развојот на локалните бизниси преку воспоставување заеднички врски за освојување на прекуграничниот регионален пазар. Тие ќе ги искористуваат заедничките потенцијали и за поддршка од европските и меѓународни фондови за реализација на заедничките бизнис-идеи. На иницијатива на градоначалниците од двете општини, бизнисмените ќе одржат повеќе заеднички средби на кои ќе ги разменат своите искуства и проекти.

– Целта е да го заживееме стопанството во регионот и да придонесеме за локалниот економски развој. Првата средба меѓу стопанствениците и сите што сакат да започнат некој бизнис, ќе се одржи в петок во Крива Паланка, на која ќе присуствуваат и шпедитерските фирми од граничните премини Деве Баир и Ѓуешево за да им помогнат околу увозно-извозните можности на бизнисмените – вели градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Заедничка средба ќе биде одржана и во Ќустендил за да се разменат информации за локалните економии и бизниси и да се утврди заедничкиот интерес на стопанствениците од двете страни на границата.

Извор: Дневник

Големина на фонт
Контраст