Општина Крива Паланка во соработка со Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука организира бесплатни курсеви за возрасни од областа на информатика. Курсот вклучува:
• Работа со компјутери
• Windows
• Мултимедија
• Интернет
Часовите ќе започнат од 01.03.2010 година во кабинетите по информатика во ОУ Илинден ОУ Јоаким Крчовски и СОУ Ѓорче Петров .
Сите заинтересирани можат да се пријават во просториите на општинската зграда кај Јасминка Ангеловска или на тел.031/372-130 и 070-607-543.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Дипл.прав. Арсенчо Алексовски