Поклонение на Свети Теодор Тирон

Во потрага по  културен идентитет, традиција и запоставените народни обичаи, по иницијатива на планинарскиот водач Стојанче Величковски а во организација на Центарот за култура  Крива Паланка, во село Конопница по цели 33 години се обновува обичајот Поклонение на Свети Теодор Тирон.
Пред пеесетина години на овој ден, имало и по стотина невести и свекрви од Конопница, Мождивњак, Тлминци, Борово, Мартиница и други кривопаланечки села кои доаѓале во цркавата св. Тедор Тирон на поклонение затоа што во народните верувања Св. Теодор Тирон се смета за заштитник на младенците.
 
Обновениот обичај е предвидено да биде дел од народниот собор, на 21 февруари, како што и традиционално се одвивал во минатото. Овој прекрасен обичај со длабоки корени во народот има голема симболика и значење и во иднина може да прерасне во туристичка атракција од регионален карактер како своевидна ревија на народни носии.
 
Сите заинтересирани невести кои сакаат да учествуваат на ова манифестација може да се пријават во Центарот за култура заради помош и координирање на активностите со организаторите.
 
Организаторите ги охрабруваат сите заинтересирани да се пријават, како би можеле да им помогнат во комплетирањето на народните носии и организирање на манифестацијата.
 
Секој почеток е тежок, особено кога имаме прекин на традицијата поголем од три децении а тоа значи дека поголем дел од мајките на оние кои се невести во моментот  пропуштиле да бидат дел од традицијата па поради тоа внуките ќе побараат помош од своите баби.
 
Извор: www.krivapalanka.info

Големина на фонт
Контраст