Заедничко претставување на саеми

Општина Крива Паланка бара можности за изнаоѓање инвеститори од регионот за развојот на туризмот преку меѓуопштинското партнерство за саемско претставување. Туристичките потенцијали на општината се претставуваат во партнерство со соседната општина Ќустендил од Бугарија на Меѓународниот саем за туризам во Софија, а на саемот во Белград општината ќе биде промовирана заедно со општина Старо Нагоричане.

– На овие реномирани саеми се претставуваме заедно со нашите партнери од другите општини во Бугарија и Македонија. Ги презентираме нашите услови за вложување во туризмот и на овој начин сакаме да ги привлечеме инвеститорите за изградба на туристичката инфраструктура во општината. Како најголеми туристички репрезенти се издвоени локалитетот Калин Камен на Осоговските Планини, манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“, испосницата во селото Градец и локалитетите за селскиот туризам и другите алтернативни форми за туристички развој – велат од Општината.

Извор: Дневник

Големина на фонт
Контраст