Санација на свлечиштето во населбата Илинден

Од обилните врнежи од дожд и снег во почетокот на 2009 година во населбата „Илинден“се појави движење на земјата односно „свлечиште“.  Од појавеното свлечиште претстои опасност од уривање на повеќе семејни станбени згради како и на дел од улицата.

 

Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при Општина Крива Паланка направи увид на лице место, ја констатира настанатата состојба и достави известување до Министерството за транспорт и врски – Скопје, Дирекцијата за заштита и спасување – П.О. Крива Паланка и Регионалниот центар за управување со кризи.  
По  доставените дописи до погоре споменатите институции  на лице место, кај свлечиштето, дојдоа претставници од Министерството за транспорт и врски , како и проф. Наум Гапковски од градежниот факултет од Скопје, при што ја констатираа состојбата и предложија изработка на техничка документација за санација на настанатото свлечиште како и најитно санирање на истото. 

Како одговор на барањата доставени до Владата на Република Македонија до  Општина Крива Паланка, доставена е комплетна техничка документација за санација на свлечиштето со препорака општината да поведе постапка за јавна набавка за избор на изведувач на работите, а паралелно со тоа бидејќи објектите за санација се наоѓаат на земјиште во приватна сопственост се води и постапка за разрешување на имотно правните односи.

По извршениот избор на изведувач на работите и по   разрешување на имотно правните работи ќе се отпочне со изградба на објектот, а средства за изградба се обезбедени од Владата на Република Македонија.

 

        Одделение за урбанизам, сообраќај           
                 и заштита на животната средина         

Големина на фонт
Контраст