Пријателски хепенинг

Млади спортисти од Крива Паланка и Ќустендил одржаа спортски хепенинг на пријателство, во рамките на зајакнување на соработката помеѓу двете погранични општини. Од Ќустендил гостуваа околу 50 спортисти од Пионерскиот дом „ОДК Ќустендил“, кои одиграа пријателски натпревари со учениците од ОУ„Јоаким Крчовски“. Тие се натпреваруваа во кошарка, фудбал, пинг-понг и одбојка.

Соработката меѓу младите спортисти продолжува со средба во Ќустендил, закажана за месец мај.

Големина на фонт
Контраст