На ден 05.03.2015 се оддржа втората работилница за изготвување на Стратегијата за локален економски развој на општина Крива Паланка за периодот 2015-2020 година. Откако на претходната работилницата, претставниците на јавните институции, бизнис секторот и невладините организации извршија SWOT анализа, на денешната работилница истата беше презентирана пред присутните.
На денешната работилница присутните разговараа за дефинирање на Визијата за општината, а потоа се премина кон формирање на работните групи кои поединечно ќе ги дефинираат програмите и стратешките цели по секоја стратешка област. Формирани се шест работни групи за шесте стратешки области, 1.Економски развој и туризам, 2.Рурален и регионален развој, 3.Образование, култура и спорт, 4.Заштита на животната средина и енергетска ефикасност, 5.Социјален развој и здравствена заштита и 6.Локано управување, ИТ и информирање на граѓаните. Носителите на работните групи ќе ги формираат групите со претставници од јавниот, невладиниот и бизнис секторот.