На ден 12.03.2015 г. во организација на Мировен корпус и во соработка со општина Крива Паланка се одржа регионална промотивна средба, со цел подобро запознавање со програмите на Мировен корпус.
Мировниот корпус (Peace Corps) е независна американска владина агенција, која обезбедува волонтери во земјите низ светот што побарале помош. Основана во 1961 година од претседателот Џон Ф. Кенеди, посветена на светскиот мир и пријателство.Трите цели на Мировниот корпус до денес остануваат непроменети:
– Да обезбеди доброволци што ќе дадат свој придонес во развојот на заинтересираните земји преку размена на информации и искуства.
– Да им помогне на луѓето од земјите домаќини да имаат подобро разбирање за луѓето од Америка.
– Да им помогне на луѓето од Америка да стекнат подобро разбирање за народите од земјите ширум светот.
Во Македонија Мировниот корпус започна со работа отакако беше потпишан формален меѓудржавен договор во 1996 г. Тие е работат на волонтерска основа, без никаков паричен надомест и најчесто соработуваат со училиштата, невладините организации и општините, со цел да се реализираат различните потреби на нивните заедници.
Градоначаникот на општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски, ги поздрави присутните и заблагорарувајќи се на мисијата на Мировниот корпус за досегашната успешна соработка, истакна дека таа ќе продолжи и понатаму се со цел развивање на знаења и искуства и меѓусебно разбирање.