Транспарентна општина

На  15.04.2010 г. Општина Крива Паланка во соработка со ЗЕЛС организира тркалезна маса на  тема „Утврдување на начините на информирање во општината  и формите за комуникација со јавноста“ во рамките на проектот „Транспарентна општина“.

На тркалезната маса беа поканети и присуствуваа советници, раководители на одделенијата при општината, претставници на невладиниот сектор, претставници на бизнис секторот, медиуми кои ги изнесоа своите мислења, забелешки и сугестии по однос на што поголема транспарентност на општината.

На средбата беа разгледани сите аспекти и инструменти со кои општината како институција може да го подобри информирањето во рамките на самата локална самоуправа, но и со заинтересираните граѓани и новинари.

Големина на фонт
Контраст