Од страна на Операција Флориан е донирано навално ПП возило VOLVO З на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка
Возилото е опремено со богата техничка опрема која содржи резервоар од 1.800 л, пумпа со капацитет на испумпување од 2.000л/мин, 4 скали (една со должина од 13,5 м, две од 9 м, една од 5 м. и една скала за искачување по покриви), 4 апарати за дишење, секири, јажиња, црева и друга опрема.
Во рамките на операцијата предвидена е двонеделна обука од страна на експертите од Операција Флориан која опфаќа
– обука за пумпа и скала
– обука за апарати за дишење
– обука за права помош
Покрај оваа донација на возилото, предвидено е наредната година да биде извршено донирање и на опрема за справување со сообраќајни несреќи и за други потреби, како и тренинг за истите.
Градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски ја посети екипата од Операција Флориан и беше запознаен со можностите и со опремата со која располага возилото. Ја искористи приликата да се заблагодари за донацијата, а на пожарникарите им го честита новото возило со желба што помалку да биде користено.