Во чест на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, општина Крива Паланка и Здружението на граѓани „АВТО МОТО КЛУБ ОФ РОУД ОСОГОВО“ , на 24.05.2010 година, по вторпат ќе го организира ревијалното Џип рели ,,Калин Камен“ под мотото ,,Да се запознаат убавините на осогоговските планини“ за кое имаме намери да биде традиционално и со меѓународен карактер.
Патеката (трасата) по која се одвива џип релито е во должина од 64 км.
.
Започнува од Крива Паланка, Мождивњак, Кучешки Преслап, Костадиница, Царев Врв (2085 м.) на Осоговските Планини па се до манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ каде градоначалникот г-дин. Арсенчо Алексовски организира свечен ручек за учесниците.
Ревијалното џип рели засега има меѓуопштински карактер со учесници од општините кои гравитираат кон Осоговските Планини.
Поканата е отворена до сите заинтересирани, а пријавувањето е во тек.
24. 05. 2010 г. Понеделник
07.00 – 08.30 Дочек и пријавување на учесниците на плоштадот во Крива Паланка.
Пријавување на учесниците
Поделба на стартни бриеви
Потпишување на кодекс на однесување
Поделба на рекламен материјал и карта со обележаната траса
08.30 Старт (по стартни броеви)
08.30-10.00 Караванско возење
10.00-11.00 Доручек (ладен сенвич и сок) и приклучок на екипите од Кратово, Ранковце и Пробиштип
11.00-12.00 Караванско возење
12.00-13.30 Средба со учесниците од соседните општини (Кочани и Македонска Каменица) – дружење на Царев Врв
13.30-14.00 Караванско возење
14.00-15.00 Пауза покрај езертото
15.00-16.00 Караванско возење
16.00-16.30 Дефиле низ градот
16.30-17.00 Прогласување на нај екипа и нај џип
17.00 Ручек во манастирот ,,Св.Јоаким Осоговски“
ВЕ МОЛИМЕ ВАШЕТО ПРИСАСТВО ДА ГО ПОТВРДИТЕ НАЈДОЦНА ДО 21.05.2010 г.
Телефони на кои можете да се пријавите:
031 372 130
071 206 209
075 207 107
070 258 325