Општина Крива Паланка во текот на изминатата недела започна со градежни работи околу асфалтирање на делови од улици и санација на ударни дупки на територијата на општина Крива Паланка.
Општина Крива Паланка асфалтираше дел од улицата „Партизанска“, а започна и санацијата на оштетените асфалтни површини на истоимената улица.
[embpicasa id=”6139786852582787121″]
Градежните работи ќе продолжат и во наредниот период согласно временските прилики и предвидената динамика. Изведувач на градежите работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.