Општина Крива Паланка во рамки на програмата за тековно одржување на локални улици и патишта во текот на изминатата недела изврши санација на оштетени асфалтни површини на улица Херој Карпош (спој на магистралниот пат М2- м.в Куков Дол), каде беа вградени околу 250 м2 нов асвалт.
[embpicasa id=”6168386622490136385″]
Изведувач на градежните работи е градежната фирма од Гостивар Лабино-Трејд.
Градежните активности продолжуваат во наредниот период и на други локации на територијата на општина Крива Паланка согласно временските услови.