На 08.07.2015 година (среда) на градскиот плоштад во Крива Паланка, со почеток во 19 часот, ќе се одржи фестивалот од отворен тип „БАСКЕРФЕСТ 2015“. По третпат граѓаните на Крива Паланка ќе имаат можност да ги проследат неверојатните и единствени атракции под отворено небо на повеќе интернационални артисти. БАСКЕРФЕСТ е првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, признат како најголем настан од ваков тип во регионот.
(http://www.buskerfestmakedonija.com/index.php)