Општина Крива Паланка во рамките на Програмата за тековно одржување на локални улици и патишта за 2015 година, во текот на изминатиот период изврши санација на оштетениот асфалтен слој на делот од улицата „Св.Јоаким Осоговски“ и тоа на делот од спојот на главната улица со влез во Здраствениот Дом –Крива Паланка.
[embpicasa id=”6171624517073528289″]
Истовремено е извршено проширување на делот од улицата се со цел да се овозможи полесна фрекфенција на луѓе и возила во тој дел од градот. Вкупно беа вградени околу 300 м2 нов асфалт. Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.
Градежните активности за тековното одржување на улиците продолжува во наредниот период согласно предвидената динамика и временските услови и на други локации во градот