Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.24/08 и 91/09), Градоначалникот на општина Крива Паланка го дава следното
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на општина Крива Паланка донесе Одлука за организирање на
За Нацрт Деталниот урбанистички план за измени и дополнување на урбан блок „Мотел Македонија“ во Крива Паланка.
Локалитетот се наоѓа на источниот дел на градот Крива Паланка.
Граници на опфатот на измените и дополнувања на Деталниот урбанистички план на урбан блок „Мотел Македонија“ во Крива Паланка се следните:
• Север-к.п.бр.611/5; 611/6 и 603/1 во К.О. Варовиште;
• Запад-клучка со магистрален пат М2 Крива Паланка-Граничен премин „Деве Баир“;
• Исток- к.п. бр.606/5 во К.О. Варовиште;
• Југ-Бабин дол со корито предвидено за регулација.
Вкупната површина на планскиот опфат во рамките на опишаната граница изнесува 1,41 ха.
Нацрт-ДУП измени и дополнувања на урбан блок „Мотел Македонија“ во Крива Паланка ќе биде изложен на излогот во холот на Дом на Култура во Крива Паланка и во просторијата на архивата на Општина Крива Паланка во период од 25.05.2010 година до 08.06.2010 година. Во просторијата на архивата на општината Крива Паланка од Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина ќе има стручно лице кое секој работен ден во периодот од 09,30-11,30 часот и од 12,оо-15,оо часот ќе дава појаснувања на сите заинтересирани правни и физички лица кои истовремено ќе можат да пополнат анкетни листови со нивни забелешки.
Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општината Крива Паланка на ден 01.06.2010 година (вторник) со почеток во 13,оо часот.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Арсенчо Алексовски