Предавање “Учиме за ЕУ – едно семејство еден дом“ на Министерот Коњановски и Амбасадорката на Германија Н.Е. Улрике Кноц

На 02.06.2010 година во СОУ “Ѓорче Петров“ во Крива Паланка Министерот за одбрана, г-дин Зоран Коњановски и амбасадорот на Р. Германија во Р. Македонија  Н.Е. Улрике Кноц  присуствуваа на предавањето “Учиме за ЕУ – едно семејство еден дом“ .

Предавањето е организацирано од страна на Секторот за европски прашања и Министерството за образование и наука.

Министерот Коњановски во предавањето нагласи дека Р. Македонија цврсто чекори кон патот кон ЕУ и НАТО и укажа дека „историјата ќе ја пишуваме сега во овој момент“. Во предавањето се говореше за Европската Унија, формирањето, принципите кои владеат во ЕУ, критериумите на членство и придобивките за Р. Македонија од членството во ЕУ.  Напомена дека Р.Македонија стана  кандидат за членство во ЕУ и заедно со Турција и Хрватска чека влез во ЕУ.

Од страна на Амбасадорката на Р. Германија Кноц беше укажано дека интеграцијата на Р. Македонија во евроатлантските структури е најбитниот предизвик за македонската политика, а самото приближувањето кон ЕУ е сложена процедура, за која се потребни многу реформи во многу области. Во Македонија над 90 отсто од населението го одобруваат пристапот на вашата земја кон ЕУ, рече Кроц.

За проширувањето на ЕУ таа истакна дека се битни предусловите за реформите во пазарното стопанство, политичките вредности, правната држава, демократијата, посебно во изборниот процес.

Амбасадорката Кноц  нагласи дека Р. Германија ја поддржува Р. Македонија на патот кон Европската Унија, како и дека од 1992 година досега има инвестирано 250 милиони евра во проекти, со единствена цел со реформските процеси земјата да биде подготвена за во ЕУ.
 
Предавањето беше интерактивно и беа одговорени повеќе прашања поставени од страна на учениците во СОУ “Ѓорче Петров“.

Министерот Коњановски и амбасадорката Кноц  имаа состанок и со Градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски, кој го поздрави предавањето. Градоначалникот исто така на состанокот ги  истакна состојбите и проблемите со кои се соочува општината Крива Паланка, а се разговараше и за можните форми и начини на продлабочување на соработката.

 

Големина на фонт
Контраст