На 26.06.2015 година во Големата сала при Општина Крива Паланка се одржа седница на Локалниот совет за превенција.
Дневен ред на седницата:
– Разгледување на безбедносната состојба на подрачјето на општина Крива Паланка – криминалитет, јавен ред и мир и сообраќај
– Превенција при заштита од пожари и кражба на шуми
– Разно
Седницата ја отвори и заседаваше градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, кој ги поздрави присутните и го потенцираше значењето за одржување на седниците на Локалниот совет за превенција токму поради потребата од координирани активности, меѓусебно информирање и соработка на сите засегнати чинители.
Потоа збор зедоа претставници од Миистерството за внатрешни работи кои дадоа статистички податоци и информирање во врска со актуелната состојба по наведените точки, а свои ставови изнесоа и пратеникот во Собранието на Р.Македонија, Слаѓана Митовска, директорот на Центарот за социјална работа, Олгица Ристовска, директорот на ЈП Македонски шуми, Весна Митровска, претставникот на Шумската полиција, Аница Симонова како и останатите присутни на седницата.
Седницата на Локалниот совет за превенција заврши со донесување на следните заклучоци.
– Да се одржи состанок и да се изготви допис до Владата на Република Македонија, Собранието на Р. Македонија, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и ЈП Македонски шуми, во врска со решавање на проблемот за отстранување на дрвјата од речното корито по извршеното расчистување за заштита од поплави и дрвната маса да се даде бесплатно на социјално ранливите групи на население под надзор на институциите.
– Да се формираат мешани контроли од родители и претставници на институциите кои во соработка со МВР –ПС Крива Паланка ќе вршат контроли во вечерните часови.
– Да се преземат мерки за поставување на сообраќајна сигнализација.