Општина Крива Паланка во текот на вчерашниот ден започна со асфалтирање на дел од улицата Единство.
Претходно ЈП „Комуналец“ од Крива Паланка изврши замена на дел од старата дотраена водоводна мрежа со поставување на нови полиетиленски црева. Во текот на вчерашниот ден беа вградени околу 600 м2 асфалт. Градежните работи ќе продолжат и во текот на наредните денови се до целосно завршување на улицата како и на други локации во градот согласно предвидената динамика и временските услови.
[embpicasa id=”6164598254638762305″]
Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.