Jубилејни 20 -ти регионални пензионерски спортски игри

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски вчера присуствуваше на отворањето на 20-те  јубилејни Регионални пензионерски спортски игри. Игрите се во организација на Здружението на пензионери на општина Крива Паланка и Ранковце, а се одржаа во ресторан „Парк-Езерце“ во село Гиновце –Општина Ранковце.

На игрите зедоа учество пензионерите од Крива Паланка, Ранковце, Кратово, Куманово, Пробиштип и Злетово, а се натпреваруваа во влечење јаже, пикадо, стрелаштво, шах, трчање, двобој, тробој, фралање ѓуле, табла и домино, во машка и женска конкуренција.

Градоначалникот  при своето обраќање ги поздрави учесниците, посакувајќи им добар помин,  дружење и натпреварување и секако да победат најдобрите. Истакна дека овие игри го зајкнуваат и одржуваат пријателството не само помеѓу сограѓаните туку и на пензионерите од околните краишта, а воедно придонесуваат кон подобро здравје.

Воедно ја искористи оваа прилика да му го честита изборот на новиот претседател на Здружението на пензионери од Крива Планака и Ранковце, Иван Јакимовски, наведувајќи дека како и досега ќе ја продолжи соработката и ќе ја дава подршката на Општината Крива Паланка во остварувањето на целите и проектите на здружениетo.

Големина на фонт
Контраст