Почитувани граѓани,
На ден 25.06.2010 година ( петок) во 10 часот, во големата сала на Општина Крива Паланка, Министерството за транспорт и врски на Република Македонија ќе одржи прелиминарна електронска распределба на становите наменети за социјално ранливите групи во Крива Паланка, изградени согласно Програмата за изградба и одржување на станбениот простор во Република Македонија.
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Арсенчо Алексовски